Обврските на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија во Лигата на Нациите се причината поради која денеска, а не в недела ќе се играат натпреварите од 9.коло во ПМФЛ.

Дербито на колото ќе се игра во Кратово каде Силекс ќе ја пречека водечката екипа на табелата тетовска Шкендија.

На националната арена „Тодор Проевски“ фудбалерите на Вардар по дебалклот во Тетово во минатото коло, ги чека нова тешка задача. Вардарци ќе го угостат шампионот Струга Трим Лум.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџир, не поразениот Гостивар кој е втор на табелата е домаќин на Беса. И фудбалерите на Работнички сакаат да ја продолжат низата без пораз, а тоа ќе треба да го сторат на гостувањето во Охрид кај Воска спорт.

Екипата на Тиквеш пак се нема израдувано на победа на шест натпревари едно по друго. На кавадарчани нема да им биде лесно да го направат тоа ниту на гостувањето во Битола кај Пелистер.

Интересно се очекува да боде и на Чаир бидејќи Шкупи кој игра далеку од очекувањата је пречекува струмичка АП Брера екипа која полека фаќа залет.

Сите натпревари ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ, а ќе почнат од 14 часот.

ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО

5 октомври (сабота) 14 часот
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л.
ГОСТИВАР – БЕСА
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
ШКУПИ – АП БРЕРА
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ