Ракометните суперлигаши денеска ќе одиграат пет натпревари од 5.коло, кое ќе биде комплетирано со утрешниот дуел во Кавадарци.

Оваа рунда ќе биде „отворена“ со дуелот на локалните ривали Струга и Охрид што почнува во 16:30 часот. Временски крајот на овој натпревар ќе означи и почеток на два други дуели. Во населбата Бутел истоимената домашната екипа го пречекува Вардар, кој со нов триумф ќе се врати на победничките патеки.

По поразот во дербито од Вардар, првакот Еурофарм Пелистер има фаворитската улога против Пролет 62. Во Прилеп домашниот тим Прилеп очекува победа во дуелот со Радовиш, единствениот тим без освоен бод. Во истиот термин од 19:30 часот Фриуд Ленд Борец во Велес ја пречекува екипата на МРК Куманово.

Петтото коло ќе биде комплетирано со дербито на оваа рунда меѓу Тиквеш и Алкалоид што се игра в четврток од 19:30 часот во Кавадарци.

Супер лига (мажи) – 5.коло

02.10.2024 – СРЕДА
16:30 СТРУГА – ОХРИД
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 62
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР
19:30 ПРИЛЕП – РАДОВИШ
19:30 ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – МРК КУМАНОВО
03.10.2024 – ЧЕТВРТОК
19:30 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД