Попладнево во Првата македонска фудбалска лига беа одиграни натпреварите од осмото коло.

Во Тетово, лидерот на табелата Шкендија лесно се справи со Вардар.

Тетовци славеа со 4-0. Целата работа беше јасна уште во првото полувреме во кое домаќините постигнаа три гола. Лошата игра во одбраната на вардаци ја казнија Трумци во третата и Ибраими во 13-тата минута. Третиот гол оди на „сметка“ на Гачевски., кој лошо процени во 27.минута по брзо изведениот корнер на Ахмеди од десната страна. Судбината на Вардар беше запечатена со уште еден еврогол во второто полувреме (73.минута)

Шампионот Струга ТЛ не успеа да му го нанесе првиот пораз на Гостивар играјќи 2-2.

Нигериецот, Ландре Кехинде кој лани го носеше дресот на гостиварци во 25.минута на ефектен начин и донесе предност на Струга. Гостите возвратија исто така со прекрасен гол, а стрелец во 34.минута беше Ајдоган. Домаќините повторно ја вратија предноста во финишот на првиот дел (45+2) со голот на Компаоре. Гостиварци покажаа дека се одличен тим и во вториот дел (85) минута притисокот кон домашниот гол вроди со плод и израмнување 2-2.

И тимот на Работнички ја продолжи низата без порази која сега изнесува осум натпревари.

„Романтичарите“ пред своите симпатизери го совладаа Шкупи со 2-1. Ирецот, Али Регба во 38-та минута беше стрелец на голот за 1-0. Се играше 56-тата минута кога 2-1 претрча 50.метри, а по неговото уфрлање Пинтер реагираше несмасно и си постигна автогол. Во вториот дел гостите од Чаир само успеаја да го ублажат поразот на 2-1.

Струмичка АП Брера убедливо со 4-0 го победи Пелистер кој од 17-тата минута остана со играч помалку. Во „дербито“ за избегнување на дното на табелата, Беса ја победи Воска спорт со 1-0 со голот на Селмани во 11-тата минута.

Единствениот натпревар без голови се одигра во Кичево каде Тиквеш како домаќин го пречека Силекс, а натпреварот заврши 0-0.

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-1
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4-0
СТРУГА Т.Л. – ГОСТИВАР 2-2
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-0
АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 4-0
БЕСА – ВОСКА СПОРТ 1-0