Фудбалерите на Тотенхем славеа победа против Манчестер Јунајтед во рамките од 6.коло на Премиер лигата.

На дуелот одигран на „Олд Трафорд“ во Манчестер гостите од Лондон беа многу подобри и заслужено победија со 3-0.

Уште во третата минута Џонсон го отвори резултатот. Во 42.минута домаќините останаа со играч помалку. Директен црвен картон, можеби престрого, заработи Бруно Фернандеш.

Тоа го казнија гостите преку Колушевски по само две минути игра во вториот дел. Судбината на Јунајтед ја запечати Соланке во 77-та минута.

За Тотенхем ова беше третата победа, а за Јунајтед трет пораз. Тимот од Лондон има 10 бодови, односно четири помалку од водечките Сити и Арсенал. Екипата на Манчестер Јунајтед е на 12.место во 7 бодови.