Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево ќе се играат натпреварите од осмото коло. Три дуели ќе привлечат посебно внимание.
Лидерот на табелата тимот на Гостивар кој незнае за пораз го чека тешко гостување кај шампионот Струга Трим Лум. Стружани се без победа на последните три натпревари, а гостиварци врзаа две во низа.
На арената „Тодор Проевски“ непоразениот Работнички ќе се обиде да ја продолжи низата и повторно да освои бодови во дуелот со Шкупи.
Второ пласираната екипа на табелата Шкендија пред своите симпатизери ќе го игра дербито со Вардар. Ривалството на овие тима е одамна иако вардарци сега се во долниот дел на табелата, само со два повеќе од трите последно рангирани екипи.
„Дербито од дното“ ќе го играат Беса и Воска спорт, а за важни бодови ќе се бои Тиквеш кој како домаќин во Кичево ќе го пречека Силекс.
Колото го заокружуваат АП Брера и Пелистер со дуелот во Струмица.
Сите натпревари ќе почнат од 14 часот, а ќе може да ги гледате на едно место ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА – 8.КОЛО
Недела 14 часот
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
СТРУГА Т.Л. – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР
БЕСА – ВОСКА СПОРТ