Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, славеше на Големата награда на Индонезија, 15-та трка сезонава во Мото ГП шампионатот.
Шпанецот ја оствари третата победа сезонава, прва по трката во Ле Ман пред повеќе од четири месеци.
Мартин од самиот старт па се до крајот беше прв, а најблиску до него беше Педро Акоста од тимот на Гас Гас, кој заостана секунда и пол. на подиумот им се придружи победникот во спринт Франческо Бања. Актуелниот шампион заостанува повеќе од 5,5 секунди зад победникот.
Покрај доминацијата на Мартин, трката ја одбележаа и откажувањата на Марко Маркез и Енеа Бастианини.
Осумкратниот светски шампион Маркез ја заврши трката предвреме бидејќи неговото Дукати се запали. Возачот на Дукати, Бастианини, излета од патеката во ситуација кога сериозно го напаѓаше водечкиот двоец.
Мартин ја зголеми предноста во Генералниот пласман на 21 бод во однос на Бањаја. Заостанувањето на Бастианини сега е 75 поени, додека Маркез заостанува 78 поени зад својот сонародник.