Кошаркарките на Баскет Кам по трет пат се победнички во Супер Купот на Македонија.
На натпреварот со кој е означен почетокот на новата сезона во мак-баскетот, тимот од Македонска Каменица беше подобар од МЗТ Скопје.
Актуелните шампионки и освојувачки на купот од минатата сезона ја оправдаа фаворитската улога. Од самиот почеток па се до крајот на натпреварот го контролираа резултатот и заслужено славеа со 74-54.
Катерина Поп-Димитровска со 23 поени беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа, за која Ивана Кметовска постигна 14, а Славица Димовска 12 поени.
Ова беше трет последователен успех за Баскет Кам во женскиот Супер куп кој го имаше своето четврто издание. Во првото 2021-ва година триумфираше екипата на Бадел.