Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерс турнирот W75 Куршумлијска Бања. Таа во денешниот четвртфиале меч ја совлада Словенката Далила Јакуповиќ со 2-0 во сетови (6:4, 6:3) за 80 минути игра.
Утре во полуфиналето ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија, која денеска немаше меч бидејќи нејзината противничка Нина Стојановиќ (Србија) го предаде без борба.
Ѓорческа и Јакуповиќ одиграа меч неизвесен меч како и претходните два, а по денешниот триумф Ѓорческа води со 2:1 во меѓусебните дуели.
Првиот сет беше во знакот на брејкови и резултатски нерешен со тоа што Ѓорческа имаше постојано водство. При 5:4 во гемови македонската тенисерка успеа да го освои свој сервис и го доби сетот со 6:4.
Во вториот сет иста слика. Ѓорческа постојано е во водство, а Јакуповиќ изедначува. Така беше се до шестиот гем. По него Лина поведе со 4:2, а потоа поведе и со 5:2 што беше само најава за добивање на сетот од 6:3.
Утрешната ривалка Радивојевиќ од Србија има 19 години и се наоѓа на 229 место на ВТА листата. Во меѓусебните мечеви резултатот е 2:0 за Радивојевиќ.