Со денешниот дуел меѓу Алкалоид и Прилеп што се игра во салата Автокоманда ќе стартува 4.коло од ракометната Супер лига. По трите победи во првенството и триумфот во Супер купот избраниците на тренерот Кирил Лазаров се апсолутни фаворити против тимот на Тиквеш, кои по двата дуела без пораз во претходното коло загуби од Охрид на домашен терен. Овој натпревар во секој случај треба да биде и еден од оние подготвителни за тимот на Алкалоид за евро настапите што следуваат кон средината на октомври. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Во оваа рунда се игра и големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Дуелот на „лутите ривали“ е закажан за сабота со почеток во 17:45 часот. Покрај овој натпревар утре ќе играат уште: Пролет 62 – Фриут Ленд Борец, МРК Куманово – Струга и Охрид – Тиквеш. Последниот натпревар од ова коло меѓу Радовиш и Бутел се игра в недела.

Табела: Е.Пелистер 6 бодови, Охрид 6, Алкалоид 6, Вардар 4, Тиквеш 3, Прилеп 3, Бутел 2, Пролет 2, Струга 2, Фриут Ленд Борец 2, МРК Куманово 0, Радовиш 0.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 4.коло
ПЕТОК
19:00 АЛКАЛОИД – ПРИЛЕП
САБОТА
16:00 ПРОЛЕТ – ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ
17:00 КУМАНОВО – СТРУГА
17:45 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛСИТЕР
18:30 ОХРИД – ТИКВЕШ
НЕДЕЛА
18:00 РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сите натпревари може да ги гледате во ЖИВО на едно место  ОВДЕ