Во последниот натпревар од 7.коло во ПМФЛ, фудбалерите на Силекс како гости го победија Вардар со 1-0.
На натпреварот одигран на арената „Тодор Проевски“ гостите од Кратово славеа со гол постигнат во судиското дополнение.
Се играше четвртата минута од судиското дополнение кога топката дојде до Ѓуриќ, тој се обиде да расчисти но топката од грбот на Ќосиќ стигна до Дарко Додев. Овој сам пред голманот Галевски не пропушти да го „матира“ вардаровиот голман.
Реагираа вардарци за недозволена офсајд ситуација која ја рекламираше и помошникот Ѓорѓиев. По консултациите главниот арбитар Пилешков покажа на центарот. Тоа значеше и победа на Силекс со 1-0.
Кратовци со оваа победа и трите освоени бодови се искачија на четвртото место на табелата со 12 бодови. Вардар остана на 7 бода и на деветтото место на табелата.