Нема многу време за одмор за македонските фудбалски прволигаши. Откако во неделата се одиграа натпреварите од шестото, денеска на програмата се дуелите од седмото коло во ПМФЛ.

Дербито ќе се игра на стадион „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Таму фудбалерите на Гостивар ќе бидат домаќини на тетовска Шкендија. Ова е дуел на два од трите екипи кои досега немаат пораз. Тетовци се лидери, а гостиварци на третата позиција. Меѓунив е екипата на Работнички која исто така е непоразена до сега.

„Романтичарите“ од Дебар Маало, ги чека тешко гостување во Битола кај Пелистер. Интересен дуел се очекува да биде оној во Струмица каде АП Брера го пречекува „ранетиот“ Тиквеш. Фудбалерите на Шкупи ја имаат улогата на фаворит во дуелот со новајлијата Беса.
„Езерското дерби“ ќе се игра на во Охрид, каде кај последно пласираниот тим на Воска спорт гостува шампионот Струга Трим Лум.

Овие натпревари ќе почнат во терминот од 15 часот, а во 20 ќе стартува последниот. Во него на „Тодор Проевски“ ќе се сретнат некогашните шампиони Вардар и Силекс.

ПМФЛ – 7.коло

ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 15 часот
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
АП БРЕРА – ТИКВЕШ
ШКУПИ – БЕСА
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ
ВАРДАР – СИЛЕКС 20 часот

Натпреварите од ова коло ќе може да ги гледате на едно место, ВО ЖИВО ОВДЕ.