Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во сабота (28 септември0 во Скопје.
Од таборот на црвено-црните пристигна информацијата, дека од денеска пуштени се во продажба картите за овој натпревар. Оние кои ќе сакаат да го гледаат натпреварот во живо во СЦ „Јане Сандански“ ќе треба да издвојат 350 или 500 денари.
Продажбата ќе се одвива онлајн и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС (линк овде)
На денот на натпреварот од 14 часот ќе се продаваат билети и пред салата во билетарницата, а важат и сезонските билети што се купени.
За влез во сала ќе ви треба да имате купено билет или испечатен ваучер што ќе го купите онлајн. Може вауќерите да имате во ПДФ формат на вашиот телефон.
Саботното дерби меѓу Вардар – Еурофарм Пелистер ќе почне од 17.45 часот.