Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со импресивните изданија. Популарниот Нено и во својот нов тим Олимпија Милано освојува трофеи.
Популарните „манекени на Армани“ го освоија Суперкупот на Италија како вовед во новата сезона.
Тие го совладаа тимот на Виртус Болоња со 98-96 и тоа по дополнителните пет минути.
Димитриевиќ натпреварот го заврши со 16 поени, 6 скокови и 5 асистенции.
Тој настап на Нено му го донесе и признанието за најкорисен играч (МВП) на натпреварот.