Во Првата македонска фудбалска лика попладнево се одиграа натпреварите од шестото коло. Стрелците беа расположени на шесте натпревари беа постигнати вкупно 20 гола.
Фудбалерите на Шкупи како гости го добија дуелот против шампионот Струга Трим Лум.
Екипите на Шкендија, Работнички и Гостивар кои се на првите три позиции на табелата останаа не поразени.
Тетовци ја „демолираа“ Воска спорт, а Гостивар славеше на тешкото гостување во Кратово кај Силекс.
Од ова трио само Работнички не успеа да извлече полн плен, играјќи реми со АП Брера.
Важни три бода освои Вардар на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш.
На гостински триумф се радуваа и фудбалерите на Пелистер кои со 3-2 ја победија Беса.
Шкендија со 14 бодови е лидер на табелата и има два повеќе од Работнички и Гостивар. Во долниот дел од табелата со по 4 освоени бодови се Беса, Тиквеш и Воска спорт.
ПМФЛ 6.КОЛО
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0-3
РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 1-1
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 5-1
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 1-2
ТИКВЕШ – ВАРДАР 0-1
БЕСА – ПЕЛИСТЕР 2-3
СИТЕ ГОЛОВИ НА ЕДНО МЕСТО