Екипите на Тиквеш и Вардар одиграа тежок првенствен натпревар, по кој на бодовите се радуваа скопјани.
Вардар славеше со 0-1, но останува горчината кај кавадарчани дека се „оштетени за чист“ гол.
Се играше шестата минута од судиското дополнение кога по ударот на Мојсов, топката кон патот на голот на Гачевски, го зафати домашниот фудбалер Рибеиро.
Помошникот судија кој беше од старата каде беа кавадаречките навивачи (на спротивната беа Комити) го крена знаменцето сигнализирајќи офсајд.
Домашните навивачи револтирани од ваквата одлука на помошникот почнаа да фрлаат предмети, а еден успеа и да го погоди.
Главниот судија Ставрев веднаш го прекина мечот иако остануваа уште шеесетина секунди да се доиграат.