Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид ја оствари четвртата победа во новата сезона на Ла Лига. „Кралевите“ малку се помачија во дуелот со Еспањол да стигнат до трите бода.
На натпреварот одигран во Мадрид, Реал со пресврт славеше со 4-1.
Сите пет гола беа постигнати во второто полувреме.
Гостите од Барселона, поведоа во 54.минута благодарение на лошата интервенција и автоголот на голманот Тибо Куртоа.
Само четири минути подоцна, Реал стигна до израмнување со голот на Дани Карвахал.
Притисна шампионот да дојде до водство и тоа му успеа во 75.минута кога Винициус прекрасно асистираше за Родриго. А, Бразилецот беше стрелец на третиот гол на кој му претходеше асистенцијата на Килијан Мбапе.
Французинот пак беше стрелец на четвртиот гол и тоа во 90-тата минута од пенал.
Реал остана на второто место на табелата со бод помалку од Барселона, но и еден повеќе од трето рангираниот Атлетико Мадрид.
Сепак Барса и Атлетико утре ќе ги играат своите натпревари на гости против Виљареал и Рајо Ваљекано.