Во женската ракометна Супер лига денеска на програмата дуели од 3-тото коло во кои Фаворитките ги оправдаа очекувањата.

Во дербито актуелниот шампион Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога во дуелот со Вардар. „Лавиците“ го добија натпреварот убедливо  со 35:22.

Гостинската екипа го отвори натпреварот со предност од 3:1, но Вардар брзо возврати со серија од 3-0 и во 8-та минута израмни на 5:5. Следеше период на изедначена игра, со наизменично постигнување голови од двете страни. Во 18-тата минута, Вардар за првпат поведе со минимални 11:10. Но Ѓорче Петров не дозволи противникот да ја зголеми предноста и со серија од 5-0, Ѓорче успеа да поведе со 20:15.

Во втората половина екипата на Ѓорче Петров имаше целосна контрола над резултатот. Па така тие во 37-та минута ја зголемија предноста на +6 (23:17). Иако во неколку наврати црвено-црните се обидоа да ја намалат негативата гостите не им дозволија . Ѓорче само ја зголемуваше предноста па во 50-тата минута успеа да поведе со максимални 30:21. Крајниот резултат беше 35:22.

Најефикасни од тимот на Ѓорче Петров Ризоска со седум и Коларовска со шест погодоци, додека од Вардар Миленковска даде девет гола.

Убедлива победа остварија и ракометарките на Металург Автокоманда кои со дури 42 гола разлика ја победија Гевгелија.

И во Свети Николе, дуел во кој екипата на Куманово славеше убедливо со девет разлика. Сара Цветановска постигна 10, а Мила Трајковиќ постигна 7 голови

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – 3 КОЛО
САБОТА
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 15-20 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ГЕВГЕЛИЈА 52-10
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – КУМАНОВО 12-33
СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МРК 17-13
АСТИБО – СТРУЖАНКА не одигран гостинките не допатуваа
НЕДЕЛА
18:30 ДЕСПИНА – СПАРТАК

Ивона Кимовска