Ракометниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер утре ќе го игра вториот натпревар во новата сезона во Лигата на шампионите.
За прв пат сезонава пред своите симпатизери во Битола, пелистереци ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат. Задачата нема да биде ни малку лесна бидејќи тоа треба да се стори во дуелот со германскиот вицешампион Фуксе Берлин
Тренерот Бранислав Ангеловски посакува полни трибини, бидејќи само со голема поддршка и максимална ангажираност може Е.Пелистер да се надева на добар резултат.
Во продолжение изјавата на Ангеловски за утрешниот меч Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин што ќе почне од 20.45 часот.