Македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Џил Тајхман од Швајцарија не успеаја да стигнат до трофејот во двојки на ВТА 125 Челинџерот во Љубљана. Тие го загубија финалето од италијанско-шпанската комбинација Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2-1 во сетови (5:7, 7:5 и 10:7 на поени)
Во првиот сет во стартните шест гема имаше брејк и по 5:5 во гемови Ѓорческа и Тајхман го направија решавачкиот. Поведоа со 6:5, а потоа го добија сетот со 7:5 за водство од 1-0. Во вториот сет имаа водство од 3:1 и 4:2 во гемови, а во 10-тиот гем не искористија и меч топка. Сетот противничките го добија со 7:5 во гемови.
Во решавачкиот сет на поени Ѓорческа и Тајхман поведоа со 4:1 и 7:6, но до крајот на мечот ривалките имаа серија од четири поени и сетот го завршија со 10:7 на поени.
За пласманот во финалето македонско-швајцарската комбинација ќе добијат по 81 поени и 2.170 евра како двојка.
Ова за Ѓорческа беше второ финале во двојки на ВТА турнир. Првото го играше 2017 година на Бол на Брач (двете ги загуби). Нашата тенисерка го играше вкупно 73-то финале во двојки и остана 47 турнирски победи.
Во текот на следната седмица, Лина е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Пазарџик, Бугарија.