Актуелниот првак на Шпанија, мадридски Реал славеше победа на гостувањето во Сан Себастијан. Во натпревар од 5.коло на Ла Лига, Реал Мадрид го победи Сосиедад со 2-0.

Двата гола гостите ги постигнаа од пенал и тоа во второто полувреме.

Прво во 58.минута Винициус беше сигурен егзекутор за 1-0. Бразилецот беше заслужен и за вториот пенал, бидејќи врз него во 74.минута беше направен прекршокот за најстрогата казна. А, неа сигурно ја реализира Килијан Мбапе.

За Реал ова беше трета победа во петтиот одигран натпревар, а Сосиедад го претрпе третиот пораз. „Кралевите“ се втори на табелата со 11 бодови колку што има и Виљареал, а Атлетико Мадрид може да им се приклучи доколку утре ја победи Валенсија на Столе Димитриевски.

Прв на табелата е тимот на Барселона со максимални 12 бодови. Утре Барса и гостува на Џирона и Бојан Миовски.