Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Џил Тајхман од Швајцарија успеаја да се изборат за полуфиналето на ВТА Челинџер турнирот 125 Љубљана што се игра за награден фонд од 100.000 евра. Македонски-швајцарската комбинација ги совладаа тенисерките од Чешка Каролина Кубанова и Анета Лабуткова со 2-1 во сетови (2:6, 7:6(5), 10-5) за 102 минути игра.
По загубениот прв сет со 6:2 во гемови во кој ривалките имаа два брејка што им овозможи водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет Ѓорческа и Тајхман по водствот од 4:1 во гемови дозволија изедначување од 5:5 и сетот беше решен во тај брекот. Во играта на поени во „13-та игра“ тенисеките од Чешка поведоа со 5:2, но следуваше серија на Лина и Џил од пет поени за 7:5 и изедначување на 1-1 во сетови.
Ова само беше најава за убедливата игра во решавачкиот сет, кој Ѓорческа и Тајхман го добија со 10:5 на поени.
Тие утре во полуфиналето ќе играат против првите носителки Естел Касино од Франција и Анастасија Детиук од Чешка.
Инаку, Тајхман пред мечот во двојки ја очекува и полуфиналето во поединечна конкуренција против Франческа Џонс од Велика Британија.