Tрадиционално сезоната во мак-баскетот, ќе биде отворена со натпреварите од Супер купот на Македонија.
На 28 септември, во СЦ „Кале“, четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската сезона, ќе играат за Суперкуп трофејот.
Програмата ќе стартува од 17 часот, со натпреварот во женска конкуренција. Во него ќе се сретнат шампионот Баскет Кам и „предизвикувачот“ екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Од 19.30 часот, во битка за трофејот ќе играат финалситите од плејофот и купот, двократниот освојувач на трофејот МЗТ Скопје Аеродром, и финалистот Пелистер.