Македонскиот првак Еурофарм Пелистер со пораз во Париз го почна новиот настап во елитната Лига на шампиони.

Пелистерци се поразени во првиот натпревар од „Б“ групата од фаворитот за највисок пласман ПСЖ со 29-31.

Воведните осум минути минаа во знакот на нашиот шампион кој имаше гол предност. Потоа следуваше серија на францускиот првак од 4-0 за водство од 7-4. Зелено-белите постојано ја бркаа негативата од 3-4 гола, но на одмор домаќините заминаа со +5 (18-13).

Во вториот дел ПСЖ имаше најголеми 8 голови предност, но пелистерци не се предадоа. Напротив играа цврсто и стрпливо во нападот. Ја стопија предноста на гол негатива во последната минута, , но сепак немаа сили време за изненадување. На крајот резултатот гласеше 31-29 за ПСЖ.

Филип Кузмановски со 8 голови беше прв стрелец во редовите на Е. Пелистер. Пешевски и Цехте постигна по шест.

Во следното 2.коло, Пелистер ќе го игра првиот натпревар пред домашната публика. Во среда (18 септември), во Битола ќе гостува германскиот тим Фуксе Берлин (20.45 часот).