Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на Нациите.
По нерешените 1-1 на гостувањето кај Фарските Острови, Македонија сега ќе оди на „сé или ништо“ во дуелот со Ерменија.
Ерменците се нашиот главен конкурент за првото место во групата, па затоа дуелите со нив ќе бидат решавачки. Тие стартуваа со убедлива победа пред своите симпатизери во дуелот со Летонија со 4-1.
Македонија и Ерменија имаа традиција во меѓусебните дуели, а на досегашните 13 нашите фудбалери се имаат надувано на шест од нив. Така беше и во Струмица, лани во октомври, кога црвено-жолтите славеа со 3-1.
(ВИДЕО) Македонија славеше триумф над Ерменија
А, тоа пак е и последниот натпревар на кој избраниците на селекторот Благоја Милевски се имаат израдувано на победа. Оттогаш македонските фудбалери одиграа седум натпревари, но ниту еден од нив не успеаја да го добијат.
Време е тој „пост“ да биде прекинат, едногласни се во таборот на нашиот национален тим. За да биде така, играчите што ќе добијат шанса да се појават на теренот ќе мора да одиграат многу подобро, во однос на мечот пред три дена во Торшавн. Тешко дека Ерменија ќе ни дозволи лесно да создаваме шанси за гол, па затоа ефикасноста ќе мора да биде максимална.
Дуелот меѓу Македонија и Ерменија што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ ќе почне од 20.45 часот. Натпреварот може да го гледате ВО ЖИВО на МРТ (овде).
Во вториот натпревар од нашата група Летонија ќе биде домаќин на Фарските Острови.