Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, уште еднаш беше во право.
Милевски вчера пред натпреварот со Ерменија истакна дека неговите избраници секогаш играат најдобро кога е најпотребно.
Тоа го покажаа и на вечерашниот дуел порови Ерменија што го добија со 2-0.
„Бевме решени да го добиеме натпреварот, успеавме“, изјави меѓу останатото Милевски веднаш по мечот со Ерменците.