Пред три дена Алкалоид и Еурофарм Пелистер со дуелот во Супер купот официјално го означија стартот на новата сезоната во домашниот, македонски ракомет. Викендов на програмата се натпреварите од 1.коло во Супер лигата.

Годинава наместо 16 екипи поделени во две групи, ќе се игра во единствена Супер лига и тоа со 12 екипи.

По 22-те одиграни кола шесте првопласирани ќе ја формираат плејоф конкуренцијата, односно групата на тимови кои ќе се борат за трофејот. Одние од 7 до 12 место ќе разигруваат за опстанок во плејаут конкуренцијата.

А, уште на стартот на новата сезона големо дерби. Ќе се игра во Автокоманда каде ќе се судрат трето и второ пласираните екипи од минатата сезона. Освојувачот на Купот и Супер купот, екипата на Алкалоид за противник ќе го има Вардар. Овој натпревар е единствениот што ќе се игра утре )недела), а останатите пет на програмата се денеска (сабота).

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – 1 КОЛО

Сабота 07/09/2024
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МКУМАНОВО 15:00 часот
СТРУГА – БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД 16:00
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 62 18:30
РАДОВИШ – ГОХРИД 19:00
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 19:00
Недела 08/09/2024
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 19:00