Репрезентацијата на Италија славеше победа над Франција во првиот меч од „А“ конкуренцијата во Лигата на нациите.
Азурите со пресврт победија со 3-1 на дуелот одигран на „Паркот на принцовите“ во Париз.
А, мечот почна катастрофално за Италијанците. По само 13.секунди Бредли Баркола и донесе водство на Франција од 1-0. Половина час подоцна, Димарко го израмни резултатот.
Азурите одиграа многу поквалитетно во вториот дел и знаеја што сакаат. Тоа им донесе реултат.
Во 51.минута Фратеси погоди за 2-1 за Италија, а во 74-тата Распадори ги постави конечните 3-1.
Ова беше натпревар од групата 1 во лига „А“ во која Белгија со истиот резултат славеше против Израел.