Со деветте натпревари што ќе се играат денеска, стартува новото издание на УЕФА Лигата на нации.

Во најсилната „А“ конкуренција дерби дуели ќе се играат во Белград и Лисабон. Актуелниот европски шампион Шпанија ќе и гостува на селекцијата на Србија, а Хрватска на Португалија.

Сите натпревари ќе се играат во вечерниот термин од 20.45 часот.

Македонската фудбалска селекција својот прв натпревар ќе го игра во сабота кога ќе гостува на Фарските Острови.

УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

А лига
20:45 ДАНСКА – ШВАЈЦАРИЈА
20:45 ПОРТУГАЛИЈА – ХРВАТСКА
20:45 СРБИЈА – ШПАНИЈА
20:45 ШКОТСКА – ПОЛСКА
Ц лига
18:00 АЗЕРБЕЈЏАН – ШВЕДСКА
20:45 БЕЛОРУСИЈА – БУГАРИЈА
20:45 ЕСТОНИЈА – СЛОВАЧКА
20:45 СЕВЕРНА ИРСКА – ЛУКСЕМБУРГ
Д лига
20:45 САН МАРИНО – ЛИХТЕНШТАЈН