Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска комплетна, ќе го одработи вториот тренинг.
Селекторот Благоја Милевски сега на располагање ги има сите 26-мина фудбалери кои се најдоа на неговиот список за првите два натпревари во Лигата на нациите.
Во нив противници на црвено-жолтите ќе бидат селекциите на Фарските Острови и Ерменија.
Македонија ќе игра во третата квалитативна конкуренција „Ц“ и тоа во групата 4 во која покрај овие две репрезентации за противник ќе ја има и селекцијата на Летонија.
Целта е да се освои првото место вели репрезентативецот Димитар Митровски
Првиот натпревар македонските фудбалери ќе го играат на гости кај Фарските Острови на 7 септември (15 часот).
Три дена подоцна (10 септември) во Скопје ќе ја пречекаат Ерменија (20.45 часот).
Картите за овој натпревар се пуштени во продажба, а може да се купат преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 200 и 400 денари.