Вардар брзо најде замена за Горан Петрески, кој вчера заедно со неговиот стручен штаб си поднесе неотповиклива оставка.

Вардарци информираа дека нов тренер на црвено-црните ќе биде Срѓан Захариевски.

50-годишниот Захариевски е третиот тренер на Вардар од почетокот на сезоната во која се одиграни само четири натпревари. Сезоната ја почна Горазд Михајлов со пораз и победа, па следуваа двата порази на Петрески.

Поранешниот македонски репрезентативец Захариевски во својата тренерска кариера ги предводеше: Металург, Пелистер, Струга ТЛ и Воска Спорт.

Захариевски ќе има краток период да ги консолидира вардарци и да го искористи периодот на пауза во првенството поради настапот на репрезентацијата.