Две фудбалски репрезентации на Македонија, денеска ќе се соберат во Скопје. Најдобрата (сениорската) ја очекуваат мини подготовките за новиот циклус натпревари во Лигата на нациите.
Селекторот Милевски ги очекува 26-мината фудбалери кои се на неговиот список за првите два натпревари во септемврискиот круг.
Македонија ќе почне со гостувањето Торшавн кај Фарските острови на 7 септември. Трои дена подоцна на „Тодор Проевски“ во Скопје ќе гостува Ерменија. Нашата селекција е ден од третиот квалитативен сегмент „Ц лига“, а во групата покрај овие две репрезентации е и селекцијата на Летонија.
Младинската селекција (У21) предводена од Драган Канатларовски, ја очекуваа два нови натпревари во квалификациите за ЕП 2025-та во Словачка.
Македонските младинци по шесте одиграни натпревари со шест бодови се на претпоследното 5.место во „Ц“ групата.
Сега им претстојат два дуели на гостински терен. Првиот против водечката Холандија на 5 септември, а вториот против последно пласираниот Гибралтар на 9 септември.