Сезоната речиси не почната, одиграни само четири натпревари, а Вардар наскоро ќе има трет тренер.
Откако по два меча, Горазд Михајлов си замина, сега по два порази заминува и Горан Петрески.
Ден по шокантниот пораз од Воска Спорт од 1:3 , шефот на стручниот штаб Горан Петрески, заедно со своите помошници ја превземаа одговорноста.
Тие си поднесоа неотповиклива оставка, заблагдарувајќи на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец
,,Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот.
За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, изјави Петрески.
Симптоматично е што никој од управата на црвено-црните засега официјално не се огласил. Коментарите на најверните вардарови навивачи изминатиот период се насочени токму кон раководството. Но, тие очигледно не чуствуваат никаква одговорност, па само тренерите заминуваат.
Неофицијално на ,,жешкото стилче” следен ќе седне Гоце Седлоски.
Цо ПМФЛ, следува пауза до 15 септември поради настапот на македонската репрезентација во Лигата на Нациите.