Единстваната македонска спортистка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска Бикова го имаше својот прво од трите настапи.
Наковска Бикова за која ова е шести настап на Параолимпијадата (почнувајќи од Атина 2004), секогаш влегува во финалето.
Во дисциплината П2-воздушен пиштол од 10 метри, нашана олимпијка, во квалификациите со 558 кругови, беше петто рангирана и се во финалето. Во него Наковска Бикова заврши на 8-то место.
Веќе утре (2 септември) Оливера ќе настапи во квалификациите на дисциплината П3- спорт пиштол 25 метри.
Последниот свој настап ќе го има два дена подоцна (4 септември) кога ќе пука од 50 метри.