Русинот, Данил Медведев го комплетира списокот на осминафиналисти на последниот Гренд-слем годинава УС Опен.

Петто рангираниот во светот, за 2 часа и 18 минути во три сета го совлада Италијанецот, Флавиот Коболи.

Русинот на својот противник му препушти по три гема во првиот и тертипот сет, а еден повеќе во вториот (6-3, 6-4, 6-3).

За место во четвртфиналето Медведев ќе игра со Португалецот, Боргес.