Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни сите натпревари од четвртото коло.

На дербито во Кратово, фудбалерите на Силекс му го нанесоа вториот овосезонски пораз на Шкупи совладувајќи го со 2-1.

Екипите на Шкендија и Струга ТЛ стигнаа до својата трета победа. Тетовци пред своите симпатизери го совладаа Пелистер со 2-0, а шампионот Струга со ист резултат славеше над АП Брера.

Непоразени по оваа рунда останаа и екипите на Работнички и Гостивар кои одиграа без голови на гости против Тиквеш и Беса.

Затоа пак Вардар го претрпе и третиот пораз. Црвено-црните на домашен терен загубија од Воска спорт со 1-3.

Следува пауза до 15 септември поради настап на македонската репрезентација во Лигата на нациите.

ПМФЛ 4 КОЛО

СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 2-0
СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА 2-0
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-3
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 0-0
БЕСА – РАБОТНИЧКИ 0-0

СИТЕ ГОЛОВИ може да ги видeте овдe во рубриката ВИДЕА