Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со својата нова екипа Џирона се израдува на првата победа во шпанската Ла Лига.
Миовски беше стартер во вечерашниот натпревар од 3.коло, што Џирона го доби пред своите симпатизери совладувајќи ја Осасуна со 4-0.
Миовски одигра 64-минути кога беше заменет, но не успеа да го постигне својот прв гол во Ла Лига.
Стрелци на головите беа: Гил (34.минута), Циганков (53), Руиз (56) и Стуани (90).
Ова беше прва победа во новата сезона за Џирона, која лани беше вистинска сензација не само во Шпанија, туку и цела Европа. Клубот од Каталуња сезонава ќе настапува и во Лигата на шампионите.
Веќе во недела Џирона и Миовски ќе и гостуваат на Севиља, а по тој натпревар Миовски ќе се приклучат на македонската репрезентација, која ја чека настап во Лигата на Нациите.