На фудбалските терени ширум Македонија, денеска на програмата се дуелите од третото коло.

Дуелот во Чаир, на некогашните шампиони Шкупи и Вардар ќе го носи приматот на дерби на колото. Во овој натпревар екипите влегуваат со нови тренери,. По само два одиграни дуели, управите на клубовите решија да направат промени. Домаќините посвоија само еден бода, а вардарци два, па за очекување е „тврд“ меч во кој двата тима ги посакуваат трите бода, но притоа ќе мислат и на сопствената мрежа.

Шампионот Струга ТЛ која е единствената екипа со две победи, ќе му гостува на Работнички кој е во групата на екипи без пораз.

Овие два натпревари, како и уште три други ќе започнат од 16 часот, а во вечерниот термин (20 часот) ќе се одигра натпреварот во Струмица.

Сите натпревари ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 3.КОЛО

Недела
ШКУПИ – ВАРДАР 16:00 часот
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
БЕСА – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР
АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА 20:00 часот