Премиерното коло од новата сезона во германската Бундес лига, го донесе дуелот меѓу Лајпциг и Бохум.
Ова практично беше дуел на екипи чии членови се двајца македонски репрезентативци, Ељиф Елмас и Агон Елези.
На победа се радуваше Елмас чиј тим славеше минимално со 1-0.
Стрелец на единствениот гол беше Норвежанецот, Антонио Нуса во 59-тата минута.
Македонските репрезентативци иако беа во составите на своите екипи, сепак целиот натпревар го одседоа на клупата за резерви. Тоа е лоша вест за селекторот на Македонија, Благоја Милевски, бидејќи за две седмици нашата репрезентација ја очекува стартот во новиот циклус во Лигата на нации.