Ракометната федерација на Македонија, попладнево донесе одлука за одигрувањето на Супер купот во машка конкуренција.
Натпреварот со кој ќе биде означен стартот на сезоната, а ќе биде доделен и првиот трофеј ќе се игра на четврти септември (среда) со почеток во 19 часот.
Во дуелот за трофејот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија ќе играат актуелниот шампион битолски Еурофарм Пелистер и освојувачот на Куп на Македонија тимот на Алкалоид.