Од денеска до сабота во Охрид ќе се одржува 3-тотот издание на ракометниот турнир „Крсте Андоновски“. И годинава тој ќе има меѓународен карактер.
Покрај домаќинот
Покрај домаќинот Охрид, на турнирот од Македонија претставници ќе бидат вицепрвакот Вардар и освојувачот на Купот Алкалоид. Останатите пет екипи се од странство: Олимпијакос (Грција), српските Партизан и Динамо Панчево, Цеље (Словенија) и Ловќен (Црна Гора).
Екипите се поделени во две групи, а по одиграните три дуели (секој со секого) ќе се знае пласманот, со што и распоредот на екипите во разигрувањето во конечниот поредок.
Последно пласираните ќе играат за 7.место, трето рангираните за 5.место, вторите за третото, а прво пласираните за првото место.
Доаѓа ланскиот финалист Олимпијакос, амбициозните српски тимови Партизан и Динамо Панчево, како и шампионот на Црна Гора – Ловќен. Словенечкиот Целје