Македонската тенисерка Лина Ѓорческа уште по првиот меч го заврши својот настап на Гренд слемот УС опен.
Тетовката е поразена во првото квалификациско коло од Јулија Риера од Аргентина во два сета.
во сетови 76(4) 63
Во првиот сет Лина водеше 3:0 и 5:3, но не успееја да ја сочува предноста. Сетот беше решен во тај-бреј во кој противничката го доби со 7:4 на поени.
Во втор сет беше нерешено до 3:3, а во осмиот гем Риера направи брејк. Аргентинката ги доби и следните два гема го реши сетот во своја полза со 3:6, а мечот со 2-0.
Лина Ѓорческа годинава настапи на сите четири Гренд слем турнири и сите ги заврши во првата квалификациска рунда.