Фудбалерите на Вардар се радуваа на победа во 2.коло од Првата фудбалска лига на Македонија за сезоната 2024/25.
По неуспехот во Струмица против Брера во првото коло и поразот од 3-1, вечерва Вардар стигна до првата победа во новата сезона.
Вардар дури во 82-та минута го скрши отпорот на Пелистер во вечното дерби и успеа да слави победа од 1-0 на арената Тодор Проески.
Стрелец на голот беше Џибрил Дианеси, засилувањето на вардарци од Франција кој стрелаше со глава и донесе голема радост на трибините посебно за навивачката група ,,Комити,,.
Токму Комитите и Чкембарите имаа свое шоу на арената посебно со пиротехниката што придонесе за одлична атмосфера на најголемото Македонско дерби во Мак фудбалот.
Во следното коло Вардар игра нагости кај Шкупи, додека Пелистер игра на домашен терен против Силекс.
На другите средби од ова 2.коло поуспешни беа домашните тимови, освен Шкендија и Работнички кои во Тетово ги поделија бодовите.