Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер се победници на 52.то издание на ракометниот турнир Струга 2024. Тие во финалето го совладаа големиот ривал Вардар со 29:26 (13:11) и со тоа по 14.ти пат го освоија пехарот на овој турнир со што се изедначија со Вардар.

Дуелот беше изедначен во речиси целиот тек, а во самиот финиш битолчани стигнаа до триумфот откако ги реализираа свои напади. По водството на полувреме за Е.Пелистер, „вардарци“ успеаја да изедначат на 20:20 и до последните три минути дуелот беше изедначен. Сепак ракометарите од Битола во финишот успеаја да ги реалзираат своите напади.

Во натпреварот за третото место шведската екипа Гуиф Ескилстуна го победи грчки ПАОК минимално со 28:27, додека во дуелот за 5.то место Тиквеш го победи домаќинот Струга со 24:17.

За најдобар играч е прогласен капитенот на Еурофарм Пелистер Филип Кузмановски, најдобар голман е Филип Ивиќ од Е.Пелистер, а и признанието најдобар стрелец го доби играч од редовите на оваа екипа Богдан Радивојевиќ.