Со натпреварот што ќе се игра вечерва на „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед ќе го пречека Фулам ќе почне новата сезона во англиската Премиер лига.
Титулата како и лани ќе ја браната фудбалерите на Манчестер Сити. Тие и годинава ќе ја имаа улогата на главен фаворит за шампионскиот трофеј.
Нивни конкуренти, традиционална ќе бидат екипите на Ливерпул, лондонските Арсенал, Тотенхем, па и Челзи, како и градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Пет екипи влегуваат во новата сезона со нови тренери: Ливерпул, Вест Хем, Лестер, Челзи и Брајтон.
Првото големо дерби ќе се игра во недела на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон каде Челзи ќе го пречека шампионот Манчестер Сити.
Новитет ви Премиер лигата
Новитет во сезоната ќе биде и објаснувањето во живо на ВАР одлуките.
Имено, Премиер лигата отвори профил на социјалната мрежа „X“ (Твитер), за да ги објасни одлуките за време на натпреварите. Новиот профил, наводно, ќе „обезбедува скоро во живо објаснувања и ажурирања за судиските и оперативните прашања за секој натпревар“, објаснија од Премиер лигата.
Ова е новитет бидејќи ФИФА не дозволува аудиото комуникацијата на судиите со оние од ВАР собата, да се емитува во живо. Затоа објавите на профилот ќе биде направен директно од Премиер лигата „меч центарот“, кој се наоѓа во Лондон.
ПРЕМИЕР ЛИГА – 1.КОЛО
Петок
21:00 Манчестер Јунајтед – Фулам
Сабота
13:30 Ипсвич – Ливерпул
16:00 Арсенал – Вулвс
16:00 Евертон – Брајтон
16:00 Њукасл – Саутемптон
16:00 Нотингем Форест – Бурнемаут
18:30 Вест Хем – Астон Вила
Недела
15:00 Брентфорд – Кристал Палас
17:30 Челзи – Манчестер Сити
Понеделник
21:00 Лестер – Тотенхем