Македонскиот кошаркарски првак и освојувач на Купот, тимот на МЗТ Скопје Аеродром ги почна подготовките за новата сезона.
Тренерот Васко Атанасов ја имаше првата прозивка на играчите. Тој заедно со нив ќе имаат задача да ги одбранат трофеите во мак-баскетот, но и да се вратат во првата АБА лига.
Американецо,т Брандон Слај и Србинот роден во БиХ, Милош Копривица, се двете нови имиња во тимот.
Тука се и староседелците: браќата Стојановски, Крстевски, Андоноски, Миловановиќ, Петков и Хрватот, Баковиќ.
Новата сезона за МЗТ Скопје ќе ја почне на 24 септември со мечот против Теодо Тиват, на домашен терен од АБА2-лигата. Во меѓувреме е планирано одигрување на најмалку пет-шест пријателски натпревари со силни ривали.