Екипата на Работнички доведе уште еден кошаркар во своите редови и тоа од лутиот ривал МЗТ Скопје Аеродром.
Имено станува збор за 21 годишниот Марко Спасовски кој игра на позицијата крило.
Момчето кое потекнува од школата на МЗТ Скопје, во која ги мина сите младински категории, беше и дел од сениорскиот тим на аеродромци. Изминатите две сезони беше и капитен на вториот тим на сино-белите.
Сега Спасовски дел од тимот на Работнички со кој потпиша едногодишен договор.
Тој е третиот играч сезонава(втор млад) кој „Центарци“ им го „украдоа“ на „Аеродромци“. Претходно, од таборот на МЗТ во Работнички мина искусниот Дамјан Робев, а потоа беше ангажиран и младиот Бојан Стојановски.
Работнички во претстојната сезона покрај обврските на домашната сцена, ќе настапува и во регионалната АБА2 лига.