Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија (У18) денеска ќе го игра петтиот натпревар на Европското првенство во Подгорица.
По вчерашниот триумф над Украина, македонските ракометни надежи сега сакаат нов. Мотив повеќе за тоа е нашиот јужен сосед.
Во рамките од 2.коло на групата „И2“, во разигруваат за пласман од од 17 до 24 место, Македонија попладнево игра против Грција.
Противникот нема ниту една победа до сега на првенството. Сепак, во првата фаза одиграа два „тесни“ натпревари со Србите и Словенците кои ги загубија со гол, односно два разлика.
Затоа избраниците на селекторот Таневски треба да бидат внимателни и да дадат се од себе како би впишале нова победа. А, таа би значела и сигурно освојување на едно од двете места во групата, што носи опстанок во елитната конкуренција. Со триумф Македонија би се вброила меѓи 12-те селекции на шампионатот.
Натпреварот Македонија – Грција ќе почне од 14.30 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.