Младата машка ракометна репрезентација на Македонија (У18) ги продолжува натпреварите на Европското првенство.
Македонските кадети, по трите порази во првата групна ваза, сега ќе разигруваат за пласман од од 17 до 24 место. Во оваа втора фаза, Македонија ќе одигра нови три натпревари против, Украина, Грција и Италија редоследно.
Во оваа рунда важно е да се обезбеди едно од двете места што ќе водат во разигрувањето за пласман од 17 до 21 место. Тоа практично ќе значи и опстанок во елитната конкуренција на селекции. Во спротивно, селекциите кои би завршиле на последните три позиции, во 2026-та би играле во „Б“ конкуренцијата.
Затоа задачата за селекторот Таневски и неговите избраници сега е уште по одговорна.
Прва предизвик, за првата победа на првенството, ќе биде селекцијата на Украина. Натпреварот ќе се игра во терминот од 14.30 часот, а ќе може да го гледате во ЖИВО ОВДЕ.