Со шесте натпревари што ќе се играат денеска започнува новата сезона 2024/25 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Титулата, како и лани, ќе ја брани екипата на Струга Трим Лум.
Годинава прволигашки фудбал повторно ќе се игра во Битола, под „Тумбе кафе“. Откако по неколку сезони минати во второлигашката конкуренција, Пелистер се врати онаму каде припаѓа. Новајлија, дебитант, е тимот на Беса, кој своите натпревари ќе ги игра во Гостивар.
Вардар кој лани преку баражот обезбеди опстанат во ПМФЛ, годинава најавува атак на позициите што водат во евро-куповите.
Секој со своите желби, амбиции и можности ќе се обиде да ја оствари зацртаната цел, во долгата сезона што ќе трае до мај месец следната година. А, во првото коло ќе гледаме и „Супер куп“ дуел.
Ждрепката посака на самиот старт да се сретнат освојувачите на трофеите од лани. Така шампионот Струга ТЛ одбраната на титулата ќе ја почне со дуелот против Тиквеш кој го освои Купот на Македонија. Овој како уште четири други натпревари ќе се играат во терминот од 17 часот.
Последниот е под рефлектори во вечерниот термин од 20 часот во Струмица. Таму екипата на АП Брера ќе го пречека скопски Вардар.
Сите натпревари ВО ЖИВО ќе може да го ГЛЕДАТЕ ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА – 1 КОЛО
Недела (11.08.2024)
СТРУГА Т.Л. – ТИКВЕШ 17 часот
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР
БЕСА – ШКЕДНИЈА
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
АК БРЕРА – ВАРДАР 20 часот