Со пет од шесте натпревари што се одиграа попладнево започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во дербито на колото, односно дуелот меѓу шампионот и освојувачот на Купот, екипата на Струга ТЛ славеше минимална победа над Тиквеш со 1-0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Компаоре во 89-тата минута.

И на сите останатите натпревари се тресеа мрежите.

Еден евро-гол, на Јамајчанецот, Делеј (45+3) го реши победникот во Скопје, каде Работнички славеше над Силекс.

Вицепрвакот Шкендија стартуваше со убедлива победа над дебитантот меѓу прволигашите Беса. Повратникот во Првата лига, битолски Пелистер пред своите симпатизери одигра без победник со Гостивар. Најефикасниот натпревар со шест гола, но без победник го одиграа Шкупи и Воска Спорт.

Премиерното коло ќе биде заокружено вечерва со дуелот во Струмица каде АП Брера го пречекува скопски Вардар.

ПРВА ЛИГА 1 КОЛО
Недела

СТРУГА Т.Л. – ТИКВЕШ 1-0
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 1-1
БЕСА – ШКЕДНИЈА 1-3
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ 3-3
АК БРЕРА – ВАРДАР 20 часот